Свет

Турција уапси 20 осомничени за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“’ и 147 лица за финансиска измама

Турција уапси 20 осомничени за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“’ и 147 лица за финансиска измама

Турските власти приведоа во Анкара 20 лица осомничени за учество во активностите на терористичката организација „Исламска држава“ во турската престолнина, соопшти Главното обвинителство.

Акцијата беше спроведена од страна на Дирекцијата за борба против тероризмот, под раководство на обвинителството.

Истовремено, турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти за операции спроведени во 56 области на земјата, во кои се приведени 147 лица, осомничени дека се членови на криминални групи и дека извршиле измама.

При операциите било утврдено дека групите извршиле финансиска измама на штета на јавни институции и организации, манипулација со понуди, фалсификување пари, како и изготвување лажни лични документи.

Јерликаја им честиташе на дирекциите за борба против тероризам и организиран криминал, како и на полициските власти во сите окрузи за успешно спроведените операции.

Најнови вести од Свет

To top