Министерството за надворешни работи на Турција денеска ги осуди израелските воздушни напади врз Либан, со што се крши договорот за прекин на огнот.
Во соопштението на турското МНР се наведува дека израелските напади се доказ за флагрантно непочитување на меѓународното право и се закана за безбедноста и стабилноста на регионот.
Турција исто така ја повика меѓународната заедница да заземе единствен став против израeските напори „за создавање на трајна состојба на судири во регионот“.
Израел вчера го изврши првиот напад врз Бејрут од стапувањето во сила на прекинот на огнот на 27 ноември 2024 година, во последната војна помеѓу Израел и либанското движење Хезболах. Оттогаш, и покрај примирјето, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади врз јужен Либан.
Според либанските власти регистрирани се повеќе од 1.250 израелски кршења на прекинот на огнот, при што загинале најмалку сто луѓе, а 330 се повредени.
Според договорот за прекин на огнот, Израел требаше целосно да се повлече од јужен Либан до 26 јануари, но рокот беше продолжен до 18 февруари, откако Тел Авив одби да постапи по договорот. Израелски војници сè уште се присутни на пет гранични пунктови.