Свет

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно момче, при руско бомбардирање на Краматорск

Најмалку три лица загинаа, а седуммина се ранети во руско бомбардирање на украинскиот град Краматорск, соопшти началникот на воената администрација на Доњецката област, Вадим Филашкин.

Меѓу жртвите е и 13-годишно момче, додека повредените лица се на возраст од 20 до 85 години. Според информациите од локалните власти, руските сили фрлиле тешка авиобомба врз градот, при што се оштетени неколку повеќекатни станбени згради.

„Ова е уште еден суров напад врз цивилното население. Спасувачките екипи се на терен и работат на расчистување на урнатините“, напиша Филашкин на Фејсбук.

To top