Свет

Тројца загинати во руски напад врз Харков

Три лица загинаа, а најмалку пет се повредени во денешниот руски напад врз индустриска зона во северниот украински град Харков, во кој е погодена осумкатница и фабрика, јавија светските агенции, повикувајќи се на началникот на истражниот оддел на регионалната полиција.

Тројца загинати во руски напад врз Харков

„Погодена е печатница, фабрика за мебел и производи за боење“, објави на Фејсбук началникот Сергиј Болвинов.

Тој додаде дека при нападот е предизвикан пожар во печатницата, на површина од над 1.000 квадратни метри.

Харковската област, која се граничи со Русија на север и е блиску до линијата на фронтот, е редовно напаѓана за време на двегодишната руска инвазија.

To top