Лекарите без граници редовно им доставуваа на завојуваните страни информации за Ал Авда како функционална болница и присуството на нејзиниот персонал во Ал Авда, се вели во соопштението. „Вчера џи-пи-ес координатите беа споделени и со израелските власти“.
Загинатите лекари се д-р Махмуд Абу Нуџаила и д-р Ахмад ал-Сахар, вработени во организацијата, како и д-р Зиад ал-Татари.
„Да гледате лекари како умираат до болнички кревети е повеќе од трагично и тоа мора веднаш да престане“, се вели во соопштението.