Свет Кипар

Тричасовен штрајк на Кипар

Синдикатите од Република Кипар за денеска закажаа тричасовен генерален штрајк од 11 до 14 часот, што ќе донесе, откажани прегледи и операции во болниците, проблеми во летовите и јавниот превоз, затворени училишта, јави дописничката на МИА од Атина.

Тричасовен штрајк на Кипар

Синдикатите од Република Кипар за денеска закажаа тричасовен генерален штрајк од 11 до 14 часот, што ќе донесе, откажани прегледи и операции во болниците, проблеми во летовите и јавниот превоз, затворени училишта, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот е поради барањето на синдикатите за целосно спроведување на механизмот АТА, односно автоматско прилагодување на платите според инфлацијата, т.е. трошоците за живот.

Училиштата ќе бидат затворени од 11 до 14 часот и од Министерството за образование на Кипар, преку соопштение ги повикаа родителите навремено да ги земат децата и информираа дека дневниот престој повторно ќе се отвори по завршувањето на штрајкот.

Болниците во конкретниот период ќе работат само со итни случаи, закажаните прегледи и операции се откажани, а нема да функционираат и јавните служби.

Според кипарските медиуми, штрајкот ќе создаде проблеми и во авионскиот сообраќај за околу 15.000 патници и околу 50 летови од и кон аеродромите во Ларнака и Пафос, а најмалку шест летови се откажани.

Јавниот сообраќај во земјата, три часа целосно ќе биде во прекин, а паралелно закажани се и протести во Никозија, Лимасол, Ларнака, Паралимни и Пафос.

Тричасовниот штрајк е откако не беше постигнат напредок во разговорите меѓу синдикатите и министерот за труд за АТА механизмот, а преговорите се очекува да продолжат и во иднина.

To top