Најмалку три лица загинаа, а најмалку 13 лица се повредени во руски ракетен напад врз градот Запорожје, пренесоа агенциите, цитирајќи го регионалниот гувернер на областа Запорожје, Иван Федоров.
Тој појасни дека четворица од повредените се во тешка состојба.
Според полицијата, Русија попладнево истрелала пет ракети врз градот.