Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Њујорк пост изјавил дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „подготвен за мир“.
„Тој сака примирје. Не разговаравме за деталите. Тој мисли дека е време за мир, а Путин треба да мисли дека е време затоа што изгубил – кога ќе изгубите 700.000 луѓе, време е. Нема да заврши додека не дојде до мир“, рече Трамп по посетата на Франција, каде присуствуваше на отворањето на Нотр Дам со голем број светски лидери, вклучително и украинскиот претседател, а потоа и на свечената вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој рече дека разговарал со Зеленски за тоа како да се стави крај на крвавиот конфликт што беснее од 2022 година.
„Формулирам концепт како да се стави крај на оваа смешна војна“, рече тој.
Трамп, исто така, откри дека разговарал со Макрон за НАТО, повторувајќи дека мисли дека Алијансата треба „да го плати својот фер дел“.
„Реков дека НАТО е добар, бидејќи знаете, кога јас влегов во НАТО, никој не плаќаше, а потоа платија откако јас влегов“, рече новоизбраниот претседател. .
„Тој се согласува со мене“, рече Трамп за Макрон.
„Тој е добар човек, добро ја заврши работата. Му реков: „немаш поим каква добра работа си направил“ во таа капела. Тоа е многу тешко да се направи. Макотрпно“, заклучи Трамп.