По промената на власта во Вашингтон, Киев не би требало да смета на истиот обем на воена помош кој беше достапен за време на администрацијата на Џозеф Бајден, рече новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз.
Тој, меѓу другото, истакна дека Украина „веројатно“ треба да очекува дека поддршката од САД ќе се намали.
Во исто време, Трамп ја изрази својата намера да го реши конфликтот.
„Ако можам“, додаде тој, зборувајќи за можностите за решение. (МИА)