Радикалните демократи изгубија уште еден патетичен, неамерикански лов на вештерки, изјави денеска новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, откако судијата во Њујорк безусловно го ослободи во случајот за плаќање пари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за наводна афера со него.
– Откако потрошија десетици милиони долари, трошејќи повеќе од шест години опсесивна работа што требаше да се потроши за заштита на њујорчани од насилниот, неконтролиран криминал што ги уништува градот и државата, координирајќи се со Министерството за неправда Бајден/Харис во бесправната употреба на моќ и поднесување целосно неосновани, незаконски и лажни обвинувања против вашиот 45-ти и 47-ми претседател, мене, добив безусловна слобода, напиша тој на својата социјална мрежа Трут Соушл.
Трамп истакна дека самиот резултат докажува дека, како што тврди дека рекле сите правни научници и експерти, „нема случај, никогаш немало случај и оти целата оваа измама целосно заслужува да биде отфрлена“.