Американскиот претседател Доналд Трамп потврди денеска дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
– Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Тој наведува и дека американските органи за спроведување на законот биле вклучени, но не прецизираше како или кои агенции.
Мадуро беше обвинет во американски суд за наводен наркотероризам во 2020 година.
Трамп најави дека повеќе детали ќе бидат објавени на прес-конференција во Мар-а-Лаго во 11 часот по локално време
Венецуелската влада претходно ги обвини САД за „исклучително сериозна воена агресија“ откако беа пријавени експлозии во главниот град Каракас.
САД ја засилија својата воена кампања во последните месеци против наводниот шверц со дрога поврзан со Венецуела, вклучително и таргетирање на пристаниште.
Мадуро претходно ја обвини администрацијата на Трамп дека се обидува да наметне промена на режимот во Каракас.