Свет „Сакам тоа да го спречам, тоа е ужасна војна“

Трамп најави средба со Зеленски и повика на крај на војната во Украина

„Преговарам со претседателот Зеленски и мислам дека и тој сака да постигне договор“, рече тој и говорто на форумот го заклучи со зборовите „тие мора да ја сопрат таа војна“.

Трамп најави средба со Зеленски и повика на крај на војната во Украина

Американскиоот претседател Доналд Трамп во своот денешен говор во Давос, на Светскиот економски форум, меѓудругото, повторно се осврна на војната во Украина, опишувајќи го конфликтот како „крвопролевање“.

Трамп во говорот најави дека денеска ќе се сретне со украинскиот претседател.

„Тоа е она што сакам да го спречам, тоа не им помага на САД, но тоа се души, тоа се млади луѓе“, рече тој.

„Сакам тоа да го спречам, тоа е ужасна војна“.

Трамп изјави дека дека преговара со Владимир Путин, додавајќи дека рускиот претседател сака да постигне договор.

„Преговарам со претседателот Зеленски и мислам дека и тој сака да постигне договор“, рече тој и говорто на форумот го заклучи со зборовите „тие мора да ја сопрат таа војна“. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top