„Гардијан„ наведува дека ваквата изјава на Трамп доаѓа само неколку недели откако делови од американското општество што тој не ги сака, ги опиша како „штетници“.
Јавно осуден за неговите претходни изјави, кога се закани дека, како што наведе, „ќе ги искорени комунистите, марксистите, фашистите и радикалните левичари кои живеат како штетници во Америка, лажат, крадат и мамат на избори“, Трамп повторно грубо настапи пред на своите поддржувачи, изјавувајќи дека имигрантите ја „трујат крвта на нашата земја (САД)“.
-Тие ја трујат крвта на нашата земја. Тоа го прават. Тие трујат ментални институции и затвори низ целиот свет, не само во Јужна Америка, туку и низ целиот свет. Тие доаѓаат во нашата земја, од Африка, од Азија, од целиот свет, им кажа Трамп на насобраните поддржувачи.
Ова е вторпат Трамп да го користи терминот „отровна крв“, што во јавноста наиде на широка осуда како расистичка реторика, пишува „Гардијан“ и наведува дека Трамп овој термин првпат го употреби во октомври.