Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен повеќе од еднаш да се соочи со Камала Харис во дебата.
Следната дебата, која е закажана за 10 септември, треба да се одржи во студиото на Еј-Би-Си Њуз, објави Политико.
Трамп во последниве денови побара поконзервативната Фокс њуз да биде домаќин на дебатата, нарекувајќи ја Еј-Би-Си „шега“. (МИА)