Свет

Трамп ја избра Габард за директорка на Националните разузнавачки служби

Трамп ја избра Габард за директорка на Националните разузнавачки служби

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ја избра поранешната демократка во Долниот дом на Конгресот, Тулси Габард за директорка на Националните разузнавачки служби.

– Како поранешна кандидатка за претседателска номинација од Демократската партија, таа (Габар) има широка поддршка во двете партии – и сега е горд републиканец, истакна Трамп.

Тој додаде дека знае оти „Тулси ќе донесе бестрашност нашата разузнавачка заедница“ и оти ќе инсистира на уставните права.

– Тулси сите ќе нè направи горди, посочи Трамп.

Габард служеше во американската Национална гарда повеќе од две децении и беше распоредена во Ирак и Кувајт.

To top