Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека имал одличен разговор со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара.
Вашингтон во последните недели е ангажиран во дипломатијата за постигнување траен прекин на огнот и политичко решение меѓу Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, некогаш клучен сојузник на САД, и сириските владини сили.
Дамаск и СДФ постигнаа договор пред една недела за четиридневен прекин на огнот во регионот на Алепо, откако курдските сили отстапија делови од територијата на владините сили.
Сириското Министерство за одбрана објави во саботата дека го продолжило прекинот на огнот во сите сектори на операциите на Сириската арапска армија за период од 15 дена.