Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека има мандат од американскиот народ да го елиминира расипничкото трошење на владините агенции и дека го овластил милијардерот Илон Маск да ја промени федералната влада преку Одделот за ефикасност на владата.
Трамп изјави за Фокс њуз дека затоа се кандидирал за функцијата.
„Гледате, се борев за ова, а луѓето сакаат да го реализирам. И имав голема помош од Илон Маск, кој беше одличен“, рече Трамп.
Запрашан дали му верува на Маск, Трамп рече дека милијардерот „не добива ништо“ за време на неговата работа во американската влада.
„Дали му верувам на Илон? О, тој не добива ништо. Всушност, се прашувам како може да му посвети време на тоа. Тој е толку посветен”, рекол Трамп.