Кандидатот на Републиканската партија за претседателските избори во САД, Доналд Трамп, церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз, особено делот со трансвестити, ја оцени како „срамота“.
„Јас сум многу слободоумен, но мислев дека тоа што го направија е срамота“, изјави поранешниот американски претседател во интервју за Фокс њуз.
На прашањето каква церемонија на отворање би сакал да види на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година доколку стане претседател, Трамп одговори дека сигурно нема да има „Последна вечера“ како во петокот во Париз.
Сцена со трансвестити околу маса која потсетува на сликата на Леонардо да Винчи „Тајната вечера“ предизвика гнев кај екстремната десница во Франција и Италија, како и кај некои христијани.
Многумина ја оценија таа сцена како исмејување на христијанството и на Исус Христос.