Еден ученик изутрината повредил со нож неколку соученици во средно училиште во градот Вупертал во западна Германија.
Напаѓачот потоа бил совладан и фатен. Тој исто така е повреден, но не се знае дали сам себеси се повредил или се повредил при апсењето.
Полицијата околу 10 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица, пренесува „Билд“.
Засега не се знае кој степен се повредите. (МИА)