Свет

Телефонски разговор на Марко Рубио со генералниот секретар на НАТО

Рубио и Руте разговарале во средата за важноста да се има способни одбранбени сојузници и вистинско споделување на товарот, се вели во соопштението.

Телефонски разговор на Марко Рубио со генералниот секретар на НАТО

Американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО Марк Руте и ја истакна посветеноста на САД кон Алијансата и нејзината континуирана важност за меѓународната безбедност, соопшти денеска Стејт департментот.

Рубио и Руте разговарале во средата за важноста да се има способни одбранбени сојузници и вистинско споделување на товарот, се вели во соопштението.

Тие разговараа за важноста да се стави крај на војната на Русија против Украина и потребата од мирно решение, посочува Стејт департментот.

To top