Свет

Телата на двајца заложници предадени на Израел, еден идентификуван

Израелската армија ги врати телата на двајца заложници киднапирани во Појасот Газа, јави ДПА.

Телата на двајца заложници предадени на Израел, еден идентификуван

Израелската армија ги врати телата на двајца заложници киднапирани во Појасот Газа, јави ДПА.

Еден од убиените е израелски државјанин, ликвидиран на денот на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, соопшти премиерот Бенјамин Нетанјаху.

За вториот заложник сè уште нема информации, а неговиот идентитет се проверува преку ДНК анализа.

Израел претходно денеска прогласи дека градот Газа е „опасна зона на борбени дејствија“ и најави дека се наоѓа во почетна фаза на планираната офанзива. Војската информира дека борбите се привремено запрени и дека дозволен е пристап за дистрибуција на храна и помош од 10 до 20 часот.

Враќањето на заложниците, живи или мртви, е меѓу главните барања на израелската влада и на демонстрантите кои протестираат поради војната во Газа, наведува агенцијата.

To top