Тајван и Унгарија негираа дека ги направиле пејџерите што вчера експлодираа додека ги користеа членовите на Хезболах во Либан.
Тајванскиот Gold Apollo негираше дека го произведувал уредот и наместо тоа го впери прстот кон својот партнер BAC Consulting KFT со седиште во Будимпешта.
Но портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач рече дека компанијата е „комерцијален посредник, без производствена или оперативна локација во Унгарија“.
– Референтните уреди никогаш не биле во Унгарија, соопшти Ковач на X.
Тој додаде дека случајот „не претставува ризик за националната безбедност“ и дека Унгарија соработува „со сите релевантни меѓународни партнерски агенции и организации“ во понатамошните истраги.