Свет

Тајани: Италија и Г7 работат на прекин на огнот во Либан и Газа

„Ова е приоритет на Италија и на Г7“, истакна Антонио Тајани.

Тајани: Италија и Г7 работат на прекин на огнот во Либан и Газа

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Италија и земјите од Г7 работат на прекин на огнот во Либан и Газа, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

„Ова е приоритет на Италија и на Г7“, истакна тој.

Тајани објави дека детално разговарал за ова прашање со неговиот ирански колега Абас Арагчи, „за да се обиде да го убеди“ да помогне на Италија и Г7 „со вршење притисок врз Хезболах за да ги запре нападите врз Израел“.

– Ќе разговараме и со Израел за да се спречи можноста за копнена инвазија во Либан, додаде тој.

– Очигледно е потребно да се воспостави нова копнена граница помеѓу Израел и Либан, како што беше направено со поморската граница, заклучи Тајани.

To top