Свет

СЗО во среда ќе одлучи дали епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници е глобална вонредна состојба

Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“.

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација (СЗО) задутре ќе одржат виртуелен состанок за да одлучат дали избувнувањето на вирусот мпокс (мајмунски сипаници) во Африка претставува глобална вонредна состојба.

Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, дали мпокс претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот, пренесува денеска „Политико“.

Мпокс е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци.

To top