Свет Загрижувачко

СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, а основните лекови се во недостиг

„Моментално немаме залихи за приближно 64 проценти од медицинската опрема, 43 проценти од основните лекови и 42 проценти од вакцините“, изјави Ханан Балки, регионален директор на Светската здравствена организација за Источен Медитеран.

СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, а основните лекови се во недостиг

Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, додека 42 отсто од основните лекови, вклучувајќи ги и лековите против болки, се распродадени, соопшти денеска Светската здравствена организација.

„Моментално немаме залихи за приближно 64 проценти од медицинската опрема, 43 проценти од основните лекови и 42 проценти од вакцините“, изјави Ханан Балки, регионален директор на Светската здравствена организација за Источен Медитеран.

Балки додаде дека СЗО има 51 камион со помош што чекаат на границата со Газа и се уште не добиле дозвола за влез во палестинската енклава, каде што Израел минатата недела ја ублажи целосната блокада на помошта воведена во почетокот на март.

Најнови вести од Свет

To top