Свет

СЗО: Мединска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека не била во можност да достави медицинска помош во Појасот Газа откако израелските сили го зазеле преминот Рафа на границата со Египет на 6 мај.

„Последната достава на медицинска помош беше пред 6 мај. Немаме гориво. Има болници со наредба за евакуација. Ова е ситуација во која не можеме физички да се движиме“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ на брифинг со новинарите.

Палестинските здравствени власти предупредија дека неколкуте здравствени установи кои се уште работат се изложени на ризик од затворање поради израелската офанзива на Рафа, каде живеат 1,4 милиони луѓе, пренесува Ал Џезира.

На денешното рочиште во Меѓународниот суд на правдата за случајот за геноцид што Јужна Африка го покрена против Израел за неговата агресија врз Појасот Газа, израелските претставници изнесоа тврдења дека армијата обезбедува доволен проток на помош во енклавата. Израел, исто така, ги опиша како лажни тврдењата на Јужна Африка дека во Рафа не пристигнува доволно хуманитарна помош.

Според властите во палестинската енклава, повеќе од 35.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, додека израелските сили убиле околу 500 Палестинци на окупираниот Западен Брег.

To top