Суперѕвездата на кантри музиката Кери Андервуд ќе ја изведе песната „America the Beautiful“ на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, според програмата споделена од портпаролот на инаугуративниот одбор.
„Ја сакам нашата земја и чест ми е што сум поканета да пеам на инаугурацијата и што сум мал дел од овој историски настан“, рече Андервуд, која во голема мера се држеше надвор од политиката во текот на својата кариера. „Понизна сум што можам да одговорам на повикот во време кога сите мора да се собереме во духот на единството и гледањето кон иднината“, додала таа.
Суперѕвездата е добитничка на Греми, а победи на натпреварувачкото шоу за пеење „Американски идол“ во 2005 година.
Трамп, републикански поранешен претседател, ја победи потпретседателката Камала Харис на американските избори на 5 ноември.
Уметниците како Бијонсе и Селин Дион побараа од Трамп да престане да ги користи нивните песни пред изборите во 2024 година. Нил Јанг и „Ганс енд роузес“ се меѓу уметниците кои побараа од него да престане да ја користи нивната музика во пресрет и по изборите во 2016 година.
Трамп доби поддршка од, меѓу другите, раперот Вејк Флок Флејм, кантри пејачот Кид Рок и Били Реј Сајрус, таткото на Мајли Сајрус.