Свет Бангладеш

Судот ја ослободи поранешната премиерка Каледа Зиа, што ќе ѝ овозможи да се кандидира на избори

Врховниот суд денеска ја укина пресудата од 2018 година со која Зиа беше осудена на 10 години затвор за проневера на донации од 250.000 долари наменети за фондацијата за сиропиталишта што Зиа ја основаше во 1991 година.

Судот ја ослободи поранешната премиерка Каледа Зиа, што ќе ѝ овозможи да се кандидира на избори

Врховниот суд на Бангладеш денеска ја ослободи поранешната премиерка Каледа Зиа во последниот корупциски случај против неа, отворајќи и го патот за учество на претстојните избори.

Според официјални лица, изборите најверојатно ќе се одржат во декември или првата половина на 2026 година.

Зиа, која е во лоша здравствена состојба, отпатува во Лондон на почетокот на овој месец, откако беше ослободена од друг случај за корупција што го покрена поранешната премиерка Шеик Хасина, која беше сменет минатиот август поради масовните протести со кои заврши нејзиното 15-годишно владеење.

Врховниот суд денеска ја укина пресудата од 2018 година со која Зиа беше осудена на 10 години затвор за проневера на донации од 250.000 долари наменети за фондацијата за сиропиталишта што Зиа ја основаше во 1991 година.

Заедно со Зиа, судот го ослободи и нејзиниот син Тарик Рахман, кој е наследник на нејзината партија, како и уште четири лица кои беа обвинети во случајот. На Зиа и се закануваше затворска казна од 17 години.

По ослободителната пресуда за вториот случај, Зиа сега ќе може да учествува на следните избори, бидејќи според законите во Бангладеш, секое лице кое е осудено на повеќе од две години затвор не може да се кандидира за избори во следните пет години.

Зиа и нејзините адвокати ги негираат наводите за корупција и тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани. Таа е вдовица на поранешниот претседател Зиаур Рахман. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top