Свет нато

Столтенберг ги повика членките на НАТО да и дозволат на Украина да го користи оружјето на Алијансата против цели во Русија

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, денеска изјави дека „дојде време“ членките на Алијансата да ги преиспитаат некои ограничувања за употребата на оружјето доставено до Украина, додека сојузниците остануваат поделени околу употребата на нивното оружје против цели во Русија.

Столтенберг го изјави ова за време на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Прага, пред самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.

Минатата недела, во интервју за Економист, тој ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на сојузот во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

Економистот изјави дека јасна, иако неименувана цел на Столтенберг била „политиката на американскиот претседател Џозеф Бајден“, со која тој ги одредува целите што Украина може да ги нападне со американско оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати апелираше до западните сојузници за дозвола да се користи донираното оружје на цели во Русија, особено по напредувањето на руските трупи во регионот Харков.

Ројтерс наведува дека членките се поделени и дека постои страв кај некои сојузници дека таквото одобрение би можело да го вовлече НАТО во директен конфликт со Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека малите европски земји ќе претрпат „сериозни последици“ доколку оружјето на НАТО погоди цели во Руската Федерација.

Во вторникот, Столтенберг на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ истакна дека НАТО има две задачи во оваа војна – едната е да ја поддржи Украина, да обезбеди Украина да надвладее, а другата е да спречи оваа војна да ескалира надвор од Украина, да стане полноправен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Тој посочи дека овој потег го зголемува ризикот од ескалација на тензиите, но додаде дека има разлика помеѓу испраќање оружје и обука и директен воен ангажман.

Најнови вести од Свет

To top