Свет 61 милијарда долари

Столтенберг: Американската помош за Украина не е задоцнета

По неколку месеци застој, Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-законот за нов пакет помош со огромно двопартиско мнозинство, потсетува ДПА.

Столтенберг: Американската помош за Украина не е задоцнета

Воената помош за Украина во вредност од речиси 61 милијарда долари, која Претставничкиот дом на САД во саботата ја одобри по неколкумесечна расправа, не е задоцнета, но нејзиното одложување имаше реални последици, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од ДПА.

-Украинците веќе четири месеци се оневозможени да дејствуваат, изјави синоќа Столтенберг во интервју за американската телевизија Ем-Си-ЕН-Би-Си (MSNBC).

„Русите имаа многу повеќе муниција. А Украина беше принудена да ја дистрибуира својата… Но, не е доцна. Украинците покажаа големи вештини во одбраната на својата земја“, нагласи генералниот секретар на Алијансата.

По неколку месеци застој, Претставничкиот дом на САД го одобри нацрт-законот за нов пакет помош со огромно двопартиско мнозинство, потсетува ДПА.

Се очекува кон средината на неделава законот конечно да биде изгласан и во Сенатот, каде не се очекуваат никакви опструкции, а потоа да биде потпишан и од претседателот Џо Бајден.

Столтенберг посочи дека не е планирано присуство на сили на НАТО во Украина. Меѓутоа, сојузниците имаат право да му помогнат на Киев, а тоа не го прави НАТО страна во конфликтот.

-Секако, неколку сојузници на НАТО имаат мажи и жени во униформи кои советуваат во амбасадите, рече Столтенберг како одговор на извештајот на Политико во кој се тврди дека САД размислуваат да испратат повеќе воени советници во Украина. Тие нема да учествуваат во борбени операции, туку ќе ја советуваат и поддржуваат украинската Влада и украинската војска, се наведува во написот на Политико.

Најнови вести од Свет

To top