Пентагон соопшти дека станува збор за модернизиран пакет опрема за напредно планирање на тактички систем за податоци.
Договорот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Тајван и Кина Пакетот вклучува резервни уреди, мрежни приемници за глобално позиционирање, комуникациска опрема, програми за техничка поддршка и други компоненти поврзани со логистика, се наведува во соопштението на Пентагон..
Во главниот град на Тајван, Тајпеј е присутна американската делегација, предводена од републиканецот во Претставничкиот дом, Мајк Галагер, кој е претседател на Комитетот за Кина во Конгресот на САД, со претходната претседателка на Тајван. Цаи Инг-вен и нејзиниот наследник Вилијам Лаи.
Американската поддршка за Тајван е двопартиска. Ние ќе ве поддржиме без оглед кој е во Белата куќа, наведе Галагер.