Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска пристигна во посета на Турција, каде ќе разговара за продажба на воени авиони „Еурофајтер тајфун“ (Eurofighter Typhoon).
Турција и Велика Британија во јули потпишаа прелиминарен договор за авионите „Еурофајтер тајфун“, во вредност од повеќе милијарди евра.
„Еурофајтер тајфун“ ги произведува конзорциум, составен од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија, а предводен од британската компанија „БАЕ системс“ (BAE Sistems).
Предвидено е Стармер да се сретне и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со кој ќе разговара за билатерални и регионални прашања.
Турските власти претходно најавија дека Анкара сака да купи вкупно 40 „Еурофајтер тајфун“, 40 американски авиони ловци Ф-16 и 40 авиони Ф-35, како преодна флота пред да биде пуштен во употреба турскиот борбен авион „КААН“, најрано во 2028 година.