Свет

„Старлајнер“ се врати на Земјата без екипаж

Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.

„Старлајнер“ се врати на Земјата без екипаж

Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми.

Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.

Леталото повторно влезе во атмосферата на Земјата околу 5 часот утрово по средноевропско време, со орбитална брзина од приближно 27.400 километри на час.

Околу 45 минути подоцна, серија падобрани беа активирани за да го забават спуштањето и сет од воздушни перничиња се надуваа неколку моменти пред Старлајнер да се спушти во вселенското пристаниште Вајт Сендс во пустината во Ново Мексико.

Пет од 28-те погони за маневар на Старлајнер откажаа со Вилмор и Вилијамс во кабината за време на нивното приближување до МВС во јуни, додека истиот погонски систем предизвика неколку протекување на хелиум, кој се користи за притисок на погоните.

Тоа доведе до истрага, предводена од Боинг и НАСА, која чинеше 125 милиони долари.

Вилмор и Вилијамс ќе продолжат да спроведуваат научни експерименти додека се во вселената, а се очекува да се вратат на Земјата во февруари 2025 година со вселенско летало на компанијата СпејкИкс.

Најнови вести од Свет

To top