Свет

Спречен напад на Исламска држава, уапсени членови на ќелијата

Спречен напад на Исламска држава, уапсени членови на ќелијата

Новите сириски власти денеска соопштија дека спречиле напад на екстремистичката група Исламска држава врз мавзолејот Сајед Зеинаб, кој го посетуваат шиитски верници во јужните предградија на сирискиот главен град Дамаск.

Државната новинска агенција САНА, цитирајќи неименуван разузнавач, јави дека се уапсени членови на ќелија на Исламска држава кои го планирале нападот.

Министерството за внатрешни работи на Сирија објави снимка од четири лица, претставени како „членови на ќелија на Исламска држава“ и додаде дека безбедносните сили извршиле рација во нивното скривалиште во близина на Дамаск.

Ова е прва објава од ваков вид на новите сириски власти, кои дојдоа на власт откако бунтовничката коалиција предводена од сунитската исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го собори Башар ал Асад од власт на 8 декември.

Мавзолејот Сајида Зејнаб и претходно беше цел на напади на Исламска држава врз шиитските аџии. Исламска држава применува екстремно толкување на сунитскиот ислам и ги смета шиитите за неверници.

To top