Свет

Списокот на земји членки на Одборот за мир се шири, но Франција засега останува настрана

Франција засега нема да се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот статут не е во согласност со резолуциите и Повелбата на Обединетите нации, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот Паскал Конфавро изјави дека Одборот не соодветствува со првичниот мандат за решавање на конфликтот во Газа, кој не е ни споменат во документот, и дека одредени елементи од повелбата на овој совет се во спротивност со меѓународното право.

Белата куќа претходно соопшти дека покрај САД, во Одборот веќе учествуваат голем број земји, меѓу кои Бугарија, Турција, Саудиска Арабија, Египет, Аргентина, Казахстан и Косово.

To top