Свет Јужна Кореја

Специјалниот обвинител на Јужна Кореја поднесе нови обвиненија против поранешниот претседател Јун Сук-јол

Специјалниот обвинител на Јужна Кореја, Мин Џун-ки покрена денеска нови обвиненија против притворениот поранешен претседател Јун Сук-јол, објави јужнокорејска новинска агенција.

Јун е под истрага за воведената воена состојба во декември минатата година, што доведе до негово отповикување. Јужнокорејскиот суд минатата недела нареди апсење на поранешниот претседател.

Судот ги прифати аргументите на специјалниот обвинител назначен од Националното собрание на земјата во случајот Јун, според кои, постои ризик соборениот шеф на државата да уништи докази во случајот.

Новите обвиненија вклучуваат попречување на остварувањето на правата на другите граѓани со злоупотреба на моќ, наредба за бришење на записи и спротивставување на извршувањето налози за апсење, соопшти тимот на специјалниот обвинител на брифинг.

Досега се покренати и обвиненија за поттикнување бунт, за што се изрекува смртна казна или доживотен затвор, фалсификување службени документи и попречување на јавни службеници.

Јун Сук-јол беше отстранет од функцијата од страна на Уставниот суд на Јужна Кореја.

To top