Советот за човекови права на ОН, на итна седница, денеска планира да се осврне на катастрофалната ситуација во суданскиот град Ел Фашер, јави ДПА.
Градот, кој е главен град на регионот Северен Дарфур, пред две недели беше преземен од парамилицијата „Сили за брза поддршка“ (РСФ, која веќе две и пол години се бори против владините трупи во Судан.
Градот е затворен, а работниците за хуманитарна помош тешко можат да влезат, пренесува германската агенција.
Луѓето кои успеале да избегаат и да се сокријат во околните градови, каков што е Тавила, пријавуваат убиства, тортура и воени злосторства.
Координаторот за итна помош на ОН, Том Флечер, моментално е во регионот Дарфур, каде што се наоѓа градот, кој се пишува и како ал-Фашир, јавува ДПА.