Свет

Состојбата на Фицо по новата операција е стабилна, но многу тешка

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо се уште е сериозна и рано е да се каже дали ќе закрепне, изјави денеска неговиот заменик Роберт Калинак, ден по атентатот.

„За жал, сè уште не можам да кажам дека победуваме во напорите да го спасиме животот на Фицо, ниту дека прогнозите се позитивни бидејќи последиците од повредите предизвикани од четирите прострелни рани се такви што одговорот на телото на нив ќе продолжи да биде многу тежок“, рече министерот Калинак.

Миријам Лапуникова, директорка на Универзитетската болница „Рузвелт“ во Банска Бистрица, каде што се лекува Фицо, изјави дека на 59-годишниот премиер му била извршена петчасовна операција во која учествувале два медицински тима за санирање на повеќе прострелни рани.

„Во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, но сепак е многу сериозна. Тој ќе биде задржан на интензивна нега“, изјави таа.

Најнови вести од Свет

To top