Свет

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел

Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе се сретнат во Брисел, а на агендата на нивниот состанок се додадени најновите случувања во Сирија и Грузија, заедно со војните во Украина и на Блискиот Исток, како и политичката ситуација во Белорусија, јави ДПА.

Министрите треба да ја усвојат 15-тата рунда нови санкции против Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига се очекува да им се придружи преку видео-конференција за да обезбеди ажурирање за ситуацијата на бојното поле.

На списокот се и можните санкции против грузиската влада, откако на проевропските демонстрации беше одговорено со полициско насилство и масовни апсења. Ќе се разговара и за резултатите од претседателските избори во таа кавкаска земја.

На состанокот, со кој првпат претседава новиот висок претставник за надворешна политика и безбедност Каја Калас, ќе се разговара за ситуацијата во Сирија. Министрите ќе се осврнат и на ситуацијата во соседните земји на Сирија, во време кога Израел и Либан го почитуваат кревкиот прекин на огнот, а Израел продолжува да ја напаѓа Газа.

To top