Специјалната помошничка на шефот на кабинетот на американскиот претседател во одделението за внатрешни работи, Лили Гринберг Кол, поднесе оставка поради американската политика кон конфликтот во Појасот Газа.
Гринберг Кол е првиот еврејски член на администрацијата во Вашингтон кој поднесе оставка во знак на протест поради ставот на Америка за актуелниот израелско-палестински конфликт.
Таа го обвини американскиот претседател Џо Бајден дека ги користи Евреите за да ја оправда американската политика во конфликтот, пишува „Гардијан“. (МИА)