Свет инцидентот се случил во Јута

Сојузникот на Доналд Трамп, Чарли Кирк, застрелан на јавен настан (ВИДЕО)

Чарли Кирк, извршен директор и коосновач на конзервативната младинска организација „Turning Point USA“, вечерва беше застрелан за време на настан на Универзитетот во Јута Вали, јавува Асошиејтед Прес.

„Потврдуваме дека бил застрелан и се молиме за Чарли“, изјави Обри Лајч, менаџер за односи со јавноста на организацијата.

На настанот присуствувал и поранешниот конгресмен од Јута, Џејсон Чафец, кој за „Фокс њуз“ сведочеше дека слушнал еден истрел и го видел Кирк како се враќа назад. „Се чинеше како да е близок истрел“, рече Чафец, видливо вознемирен од случката.

Тој додаде дека на настанот имало мало полициско присуство и ограничено обезбедување за Кирк. „Јута е едно од најбезбедните места на планетата, и затоа едноставно немаме вакви работи“, истакна Чафец.

To top