Русија во текот на ноќта истрела 31 беспилотно летало и два проектила во Украина, главно насочени кон јужните украински региони. Противвоздушната одбрана уништи 28 беспилотни летала и два проектила. Ова го соопшти украинската армија.
„За време на воздушната борба, украинските воздухопловни сили и ПВО уништија 28 беспилотни летала „Шахед“ во регионите Одеса, Херсон, Миколаев, Доњецк, Кироворад и Хмелницки“, соопштија украинските воздухопловни сили.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.
Војската ги повтори претходните извештаи дека два руски воени авиони биле соборени во близина на рускиот окупиран град Мариупол на Азовското Море во јужна Украина и во близина на окупираниот град Доњецк во источна Украина. (МИА)