Свет мнр

Словенија го повика на разговор српскиот в.д. амбасадор поради навредливите изјави на Вучиќ

Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг, истакна вчера Вучиќ.

Словенија го повика на разговор српскиот в.д. амбасадор поради навредливите изјави на Вучиќ

Словенечкото Министерство за надворешни работи го повика на разговор в.д. амбасадорот на Србија во Љубљана поради изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ против Словенија по седницата на Советот за безбедност на ОН за Косово.

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон изјавите на Вучиќ ги оцени како навредливи и неприфатливи.

– Бараме објаснување, извинување, тоа не е во духот на добрососедските или пријателските односи … Очекуваме Србија да дејствува во духот на европските вредности што ги брани, наведе Фајон, додавајќи дека изјавите на Вучиќ се невистинити.

Вучиќ вчера изјави дека Србија паднала во замка што и ја поставиле САД, Швајцарија и Словенија.

– Кога се одложи седницата на СБ, се прашував за што се работи, но потоа сфативме дека се договориле со Американците, Словенците и Швајцарците. Не се знае кој е поодвратен, Словенците или некој друг, истакна вчера Вучиќ.

Најнови вести од Свет

To top