Свет

Словачка забележа пораст кај Украинците кои бегаат пред мобилизација

Граничната служба соопшти дека 338 Украинци биле приведени и ослободени во првите четири месеци од годината — во споредба со 166 во истиот период во 2023 година.

Словачка забележа пораст кај Украинците кои бегаат пред мобилизација

Словачките власти денеска соопштија дека двојно повеќе е зголемен бројот на украински мажи кои се воено-способни за една година пред новиот закон за мобилизација што се применува во Украина.

Граничната служба соопшти дека 338 Украинци биле приведени и ослободени во првите четири месеци од годината — во споредба со 166 во истиот период во 2023 година.

-Во првата недела од мај, приведовме 45 мажи на граница. Во истиот период од минатата година, таа бројка беше четири, рече Агнеса Коперничка, портпарол на словачката гранична полиција.

Новиот закон кој стапува на сила во Украина овој месец ќе го отежне избегнувањето на мобилизацијата.

Од инвазијата на Русија во 2022 година, на украинските мажи на возраст од 18 до 60 години им е забрането да ја напуштат земјата, а голем број се обиделе илегално да побегнат.

Коперничка рече дека Украинците кои ја минуваат границата се приведени, им е издадено овластување да останат во Словачка и се ослободени.

To top