Јужна Кореја и САД следната недела ќе одржат заеднички воени вежби, чиј фокус ќе биде унапредување на комбинираните способности за одбрана од растечките закани од Северна Кореја.
Јужнокорејските и американските воени претставници соопштија дека овогодишните летни маневри ќе вклучуваат компјутерски симулирани вежби дизајнирани да ја подобрат подготвеноста на војската против ракетни напади, попречување на Џи-пи-ес (GPS) и справување со кибернапади.
Воените вежби ќе се одржат од 19 до 29 август и ќе опфатат теренски вежби со боева муниција.
Северна Кореја заедничките воени вежби може да ги сфати како провокација и да ја искористи воената соработка со своите сојузници како изговор за надградба на нуклеарното оружје и ракетните системи. (МИА)