Свет СКАНДАЛ

СКАНДАЛ: Уапсен француски сенатор, дрогирал колешка пратеничка со намера да ја силува

Француското обвинителство соопшти дека Гериау, сенатор на регионот Лоара-Атлантик, е испрашан поради „давање на лице, против нејзино знаење, супстанца што може да ја промени способноста за расудување или самоконтрола за да се изврши силување или сексуален напад“.

СКАНДАЛ: Уапсен француски сенатор, дрогирал колешка пратеничка со намера да ја силува

Француски сенатор е уапсен и сослушан под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува или сексуално да ја нападне, пишува „Гардијан“.

Жоел Гериау (66), политичар ид десниот центар од партијата „Лес Индепендантс“, беше уапсен оваа недела во неговиот дом во Париз, кој беше претресен заедно со неговата канцеларија.

Француското обвинителство соопшти дека Гериау, сенатор на регионот Лоара-Атлантик, е испрашан поради „давање на лице, против нејзино знаење, супстанца што може да ја промени способноста за расудување или самоконтрола за да се изврши силување или сексуален напад“. Наводниот инцидент се случил во вторникот вечерта.

Жената која ja поднела пријавата во полицијата, како што јави француска новинска агенција, била член на Долниот дом на Парламентот, Националното собрание, но таа не е именувана и обвинителството не дало никакви информации за неа.

На жената наводно и се слошило откако испила од чаша во домот на Гериау. Таа не е во врска со сенаторот. Обвинителите соопштија дека медицинските тестови на жената откриле присуство на екстази. Дрогата била пронајдена при претрес на куќата на сенаторот. (МИА)

To top