Свет

Сирски: Украинските сили ја презедоа контролата врз речиси 90 проценти од Купјанск

Украинските сили ја презедоа контролата врз речиси 90 проценти од градот Купјанск во Харковскиот регион, изјави денеска врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, еден ден откако Русија објави дека има целосна контрола врз градот.

-Благодарение на активните операции за пребарување и удари, успеавме да ги одбиеме (Русите) од Купјанск и да ја преземеме контролата врз речиси 90 проценти од територијата на градот, напиша Сирски на Телеграм.

Руските медиуми, повикувајќи се на прес-центарот на групата „Запад“ на руските вооружени сили, вчера објавија дека градот Купјанск во Харковскиот регион е под целосна контрола на руската армија.

Според нивните извештаи, сите делови од градот се под руска контрола, додека украинските сили се обидуваат „секој ден да се инфилтрираат во мали групи низ гробиштата, претрпувајќи значителни загуби“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во последните месеци, Купјанск е еден од централните сектори на борбите долж линијата на фронот која е долга речиси 1.000 километри.

To top