Сириското воено воздухопловство и Воздушно-вселенските сили на Русија извршија напади врз позициите на терористите во источната провинција Алепо, соопшти сириското Министерство за одбрана.
Во соопштението се истакнува дека во нападите убиени и повредени се десетина бунтовници.
Командата на сириската армија соопшти дека во изминатите 24 часа уништиле пет штабови и седум магацини за оружје и дронови на бунтовниците во провинциите Алепо и Идлиб.
Се посочува и дека изминатите дена ликвидирани се над 400 бунтовници.
На 27 ноември бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам го прекршија договорот за деескалација и ги нападнаа провинциите Алепо и Идлиб и Хама. Сириската армија одговори на нападот. (МИА)