Министерството за правда на Соединетите Американски Држави открило фотографии во телефонот на Хантер Бајден, синот на актуелниот претседател Џозеф Бајден, кои укажуваат дека користел наркотици, се вели во објавениот извештај на ресорот.
Конкретно, на фотографиите се прикажани кеси со наркотици (се претпоставува дека станува збор за кокаин и крек кокаин) и прибор за нивна употреба. Освен тоа, доказите што ги поседува Министерството вклучуваат слики од екранот на телефонот од преписката на Хантер Бајден во кои тој самиот споменува случаи на употреба на забранети супстанции или бил заинтересиран за нивно купување.
Синот на актуелниот американски претседател одбива да се изјасни за виновен дека во октомри 2018 година, наводно, лажел во врска со употреба на наркотици, пополнувајќи го формуларот при купување пиштол.
Истовремено, Хантер Бајден во своите мемоари откри дека во тој период бил зависник од наркотици.
Претходно, ТВ каналот ABC News, повикувајќи се на материјалите на Обвинителството, објави дека американските истражители минатата година пронашле траги од кокаин на футролата за пиштол на Хантер Бајден. (МИА)