Свет

„Симпсонови“ во 2000 година: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот; толкувањата посочуваат на Џефри Епстин

Гледачите забележаа детаљ во цртаната хумористична серија „Симпсонови“ – остров којшто е во сопственост на контроверзниот мултимилионер Џефри Епстин. Имено, во епизодата од 12. сезона „Компјутерот носеше злобни чевли“ (The Computer Wore Menace Shoes), којашто се прикажуваше во 2000 година, Хомер создава интернет-страница за озборувања, ширење гласини и лажни вести под псевдонимот „Г-н Икс“.

Меѓу теориите на заговор на Хомер е и наводот за „луди луѓе на островот“, што некои гледачи го толкуваат како посочување на приватен остров на Американските Девствени Острови што бил во сопственост на Џефри Епстин. Сцена од епизодата, инаку напишана од Џон Сварцвелдер и режирана од Марк Киркленд, посочува напис на „Г-н Икс“ којшто вели: „Внимание: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот“.

Printscreen

Следат дел од реакциите од следачите на социјалните мрежи.

„Бев без зборови по оваа епизода“, „Ова не е ситком, туку вистински приказ на нашите животи“, „Тие знаат сè“ – гласат коментарите на платформата „Икс“.

Некои корисници на социјалните мрежи тврдеа дека креаторот на „Симпсонови“, Мет Гронинг наводно и патувал со еден од приватните авиони на Епстин.

To top